Ракометарите на Охрид запишаа нови три бодови на табелата во Супер лигата откако во дербито во деветтата рунда го совладаа Вардар Јуниор со 23-18 (11-9).


Избраниците на Горан Андоновски имаа целосна контрола на играта и победата над еден од директните ривали за плејофот е сосема заслужена.

Охриѓани во вториот дел имаа неколку минутна криза во играта, кога гостите успеаја да го стопат и да го преземат водството.


Но, тоа кратко траеше „Рибарите“ ја подигнаа атмосферата, останатата публика дополнително, а „гладијаторите“ како во транс одиграа 3-4 напади и го презедоа кормилото во натпреварот.

После тоа „црвено црните“ психолошки паднаа, охриѓани ракометниот танц го продолжија за седма победа во девет натпревари во Супер лигата.


Со овој триумф „гладијаторите“ го зачуваа вицешампионското место и на најдобар можен начин го најавија дуелот со Работнички в сабота во 19 часот.

Р.К. Охрид : Костески, Колев 14 (одбрани), Павловиќ 8, Андоновски, Кежиќ 6, Хогас 1, Белевски 2, Трифуноски, Тасески 2, Печенковски 2, Новаковиќ, Вражалица 2, Стојановиќ, Дамески.

Р.К. Вардар Ј. : Чаневски 10 (одбрани), Филипоски (1 одбрана), Костоски, Спасовски, Василески, Неданоски 1, Ѓоргиевски 1, Тренчевски 1, Чурлески 3, Ангелов 1, Јовчевски 2, Андонвски 4, Манасков, Поповски, Вујачиќ 4, Давиткоски 1.

Фото : Емил Јовановиќ
Михаил Постоловски