Фудбалерите на Челси совладувајќи ја Барселона со 2-1 (1-0) го обелија образот пред своите симпатизери после срамниот пораз од јапонскиот клуб Кавасаки пред четири дена.
„Сините“ и каталонците играа со комбинирани состави и двата стратези шанса им дадоа на сите фудбалери. Во такви околности подобро се снајде англискиот премиерлигаш кој постигна по еден погодок во двете полувремиња. За почетно водство реализираше Тами Абрахам во 34-та минута, а за 2-0 прецизен беше Рос Баркли во 81-та минута. Конечните 2-1 ги постави Иван Раќитиќ со погодок во 90-та минута.
Во поразот од Челси неофицијално деби во дресот на Барселона имаа најновите засилувања Ентони Гризман и Френки Де Јонг.
OhridNews