Екипите на Челси и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите во финалето во англискиот Лига куп кое традиционално се игра на стадионот Вембли.
„Сините“ пласман во финалето обезбедија после триумфот на пенали против Тотенхем 4-2 (2-2). Регуларниот дел од мечот заврши 2-1, а првиот натпревар им припадна на „петлите“ 1-0. Правилото гол во гости не важи во Лига купот и пеналите го одлучуваа финалистот.
Фудбалерите на Челси се покажаа многу подобри пеналџии постигнувајќи четири голови од исто толку обиди (Вилијан, Аспликуета, Жоржињо и Давид Луиз), додека избраниците на Почетино ги реализираа првите два (Ериксен и Ламела) но ги промашија третиот и четвртиот (Дајер и Лукас Мура).
Финалето на Вембли се игра на 24 февруари.
OhridNews