Откако ги договорија деталите со сопствениците на “Лоте-Ина трејд“, фудбалерите на Охрид ги продолжија подготвките за вториот дел од сезоната.

Викендов Охриѓани одиграа пријателски натпревар со тимот на Слога од Краљево кој на десетина минути пред крајот, при резултат 0-0 беше прекинат поради обострани грубости на играчите.

Што се однесува до новите сили како што не извести секретарот на клубот Илија Петковски, охридските сини се засилија со неколку играчи на Илинден од Велмеј.

Голманот Абди Едис, Ѓоршески Величе, Бакулески Александар како и браќата Бочески Бојан и Игор, се меѓу новите имиња во ФК Охрид. Спискот се затвара со Оџа Мони и Стојаноски Митко.

Првенството продолжува на 1 Март, а ФК Охрид е домаќин на штипска Брегланица.

Поради суспезнијата на теренот на Билјанини, Охриѓани треба да играат 100 км одалеченост од Охрид.

Како што неофицијално дознаваме Охриѓани како домаќини ќе играат во Тетово.