Српскиот стратег Синиша Михајловиќ во болница во Болоња започна со лечење од болеста леукемија. Михајловиќ во саботата на официјална пресконференција и се обрати на јавноста изјавувајќи дека боледува од леукемија и дека треба веднаш да почне со лечење.
- Во напад од првиот момент, како што е и ветено. И ние сме со него. Напред Синиша! – напишаа од клиниката Сант Орсола каде ќе се лекува Михајловиќ.
Денешните детални прегледи ќе ја дадат точната дијагноза и патот на лекувањето на Михајловиќ. Докторите потврдија дека некогашниот репрезентативец на Југославија има акутен тип на леукемија и оти потребен му е агресивен третман за лечење.
OhridNews