Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ ќе ја добие престижната награда „Брат и Син“ и ќе стане почесен граѓанин на Болоња.
Михајловиќ во јули месец објави дека му била дијагностицирана леукемија. До пред две недели тој мина три циклуси на хемотерапија, а му била и пресадена коскена срж. Викендов, на дуелот со Милан за прв пат Михајловиќ беше на клупата и го предводеше тимот на Болоња.
Градското собрание одлучи да го прогласи Михајловиќ за почесен граѓанин на Болоња. Михајловиќ во ниту еден момент не помисли за заминување од Болоња, затоа потполно ја заслужуваа награда. – соопштија градските власти.
Српскиот стручњак на почетокот од оваа година го презеде кормилото на Болоња и успеа да избори опстанок во Серија А.
OhridNews