Српскиот стратег кој моментално е тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ одлучи да ја прекине кариерата и комплетно да се насочи кон лекување од тешката болест која неодамна му била откриена.

Италијанскиот весник Кориере дел Спорт кој ја лиферуваше оваа информација нема наведено за каква болест се работи. Михајловиќ бил на детални медицински прегледи и докторите го советувале одма да почне со лечење.

Легендата на српскиот фудбал и членот на златната генереација на Црвена Ѕвезда на официјална пресконференција ќе ја соопшти одлуката и веројатно болеста и ќе се знаат повеќе детали.

Насловната страна од Кориере дело Спорт.

50-годишниот стратег на половина сезона ја презеде Болоња и успеа во обидот да обезбеди опстанок во Серија А. Во овој летен преоден рок Михајловиќ беше поврзуван и со Јувентус, кој го ангажираше Сари.

Најголем дел од фудбалската кариера како играч и тренер Михајловиќ ги помина како тренер. Играше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, додека како тренер ги предводеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.

OhridNews