Овој викенд филмот „Синиот јасмин“ се пројектира во повеќе од 1200 кино-сали, што го прави најширокото прикажување на филм од Вуди Ален.

Тоа е далеку повеќе од бројката од 1 035 кино-сали за големиот хит на „бокс-офисот“ наречен „Полноќ во Париз“. Овој филм во 2011-та година заработи повеќе од 56 милиони долари во САД и 151 милиони долари во целиот свет.

„Синиот јасмин“ во кој главната улога ја толкува Кејт Бланшет, од неговото прикажување на 26-ти јули во кино-салите ширум САД, досега заработи околу 10 милиони долари.

За време на премиерата, филмот заработи во просек 102,011 долари во шест кино-сали, при што се стекна со епитетот „една од најдобри премиери на сите времиња“. Тоа е 44-ти филм кој е напишан и режиран од Вуди Ален.

OhridNews