Од денеска стапува на сила одлуката на Фондот за здравствено осигурување со која ќе се поедностави  процедурата за добивање на сини картони за сите невработени лица.


Лицата кои што се пријавени како невработени во Агенцијата за вработување, како и лицата кои што се невработени и не бараат работа преку Агенцијата, од денес при поднесувањето на документи за добивање на сини картони може да приложат извод од матична книга на родените кој е постар од шест месеци.

До сега Фондот како дел од документацијат за добивање на сини картони бараше приложување на изводи кои не се постари од шест месеци, што дополнително ја усложнуваше процедурата за граѓаните.

Ohridnews