По повод меѓународниот ден на танцот – 29 април студиото за танц „Соната“ од Охрид утре со почеток во 12:12 часот ќе организира флеш-моб на градските плоштади во Охрид и Струга, како и во училиштето „Јахја Кемал“ во Струга.

Според најавите учество на овој несекојдневен настан ќе земат околу 850 ученици од основните училишта од двете општини.

Точно во 12:12 преку локалната радио станица „Супер Радио“ ќе биде означен стартот на овој синхронизиран флеш-моб.

Освен локалните самоуправи на Охрид и Струга, овој проект го подджале и средното приватно училиште „Јахја Кемал“,  „ДОН маркети“, „Денторија“, ПЗУ „Бона Вита“ и хостел „Белмондо“.

OhridNews