Сингапурското движење за љубезност, организација која се финансира од државата, има намера да ангажира таканаречени војници на љубезноста и познати актери кои ќе шират порака за благонаклонетост. Ова е само една од кампањите во Сингапур со која треба да се направи животот подобар.
Поголемиот дел од жителите се гостопримливи и љубезни, но постојат и некои кои не покажуваат симпатии и благонаклонетост.
Желбата е еден ден сингапурците да станат љубезни исто како и јапонците. Пред неколку години била лансирана и кампања против доцнењето на свадбените церемонии.