Доколку најитно државата не преземе конкретни мерки и не го запре раскрчмувањето на имотот на АД ЕМО, синдикатот на СИЕР најави дека ќе преземе радикални мерки и ќе организира штрајк пред Владата.
На денешната прес конференција претседателот на синдикатот на СИЕР во ЕМО, Драган Молкоски, го обвини актуелното раководство на компанијата дека формира нови ДОЕЛИ а вработените во постоечките се без работа и плати. Според него во моментов над 1000 вработени во ЕМО се на принуден одмор без никакви примања, вработените во АД ЕМО не земале плата веќе 6 месеци, додека тие во 43-те ДООЕЛ-и многу подолго.
Молкоски денеска ја обвини државата за лошо водење на продажбата на ЕМО, која според него е виновна што пропаднале трите меѓународни тендери. Тој информираше дека денеска во ЕМО започнала контрола од страна на трудовата инспекција и најави дека доколку државата не воведе ред во работењето на оваа компанија вработените многу брзо ќе излезат на штрајк.
ohridnews