Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска реагираше за вчерашниот физички напад врз Саше Ивановски, сопственик на интернет страницата Мактел.

-Крајно наелектризираната атмосфера во која фукнционира општеството доведува до вакви примитивни постапки, а неоткривањето на сторителите во некои претходни случаи ги охрабрува насилниците. Претепувањето на јавни личности е доказ дека во општеството не постои слободата на изразување и право на поинакво мислење,се наведува во соопштението на ССНМ.

Во него се бара од Министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите, да ги изведе пред лицето на правдата и за тоа да ја информира јавноста, со што, како што пишува, ќе покаже дека во оваа земја никому не му е дозволено разликата во мислењата да ја решава со насилство.

-Во спротивно атмосферата на страв и насилство ќе биде дефинитивно востановена. Потсетуваме дека во демократска држава каква што треба да биде Македонија секој има право на слободно изразување, а доколку некој смета дека му се повредени честа и угледот има институции и организации до кои може да се обрати, се наведува во соопштението на ССНМ. 

OhridNews

Извор:„Радио Слободна Европа“