Во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, денеска во Охрид ќе се одржат протести. На  протестите покрај синдикалците од Охрид, учество ќе земат и работници од Кичево, Струга и Дебар.

Како што велат од ССМ, протестите се организираат поради последните измени на Законот за работни односи, нефункционирањето на социјалниот дијалог, неутврдувањето на минимална плата, нискиот животен стандард  и зголемувањето на цените на основните животни производи и недоследната примена на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година.

ССМ бара по итна постапка донесување закон со кој ќе се укинат последните измени и дополнувања на Законот за работни односи и социјален дијалог,   дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и донесување на закон со кој материјално ќе се обезбедат сите стечајни работници прогласени за технолошки вишок согласно Законот за работни односи со над 25 години работен стаж. ССМ бара со закон да се утврди и минимална плата, а услов за пензионирање покрај возраста да биде и работниот, како и да се преземат соодветни мерки за сузбивање на појавите на зголемување на цените на основните прехранбени продукти.

Ohridnews