На синдикалниот протест што во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ),  ќе се одржи утре во Охрид ќе учествуваат и членовите на Синдикатот од Кичево, најави кичевскиот Регионалниот синдикален совет.

Протестот што ќе се одвива низ охридските улици, а ќе почне во осум часот, ќе го поддржат и синдикалците од Дебар и од Струга.

Синдикатот е незадоволен од измените во Законот за работни односи зашто смета дека со нив работничките права ќе се влошат наместо да се подобрат.

Ohridnews