Ова е податокот до кој дојде Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), врз основ на цените на најосновните продукти во Македонија во декември 2010 година.
Како што информираат од ССМ, доколку се направи споредбена анализа со просечната нето исплатена плата од 20.633 денари, ќе се констатира дека просечната плата покрива околу 70 отсто од синдикалната кошничка.
Како основа за изработка на оваа кошница е земено едно четиричлено семејство, со еден вработен, кое живее во сопствен дом од 50 квадрати и кое не поседува автомобил.
Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалоци се издвојуваат 12.342 денари (што е 42,27 отсто од структурата на кошницата), за домување 9.016 денари (30,88 отсто), за хигиена 2.096 денари (7,18 ), за превоз 2.326 денари (7,97), за облека 1.808 (6,19), за култура 1.070 (3,66) и за одржување на здравје 540 денари (1,85 отсто).
извор: Makfaks