Отсекогаш тврдела дека никогаш не правела некои сериозни корекции на своето тело. Но, Синди Крафорд сега конечно признала дека изгледот го подобрувала со инјекции ботокс. Рекла дека посетувала еден лекар во Лондон кој и ги давал инјекциите.


Вели дека ботокс не користела веќе десет години, а и дека никогаш не употребувала колаген. Со манекенство не се бави веќе девет години. Таа беше еден од првите супер модели, а денес има своја линија производи за нега на телото.