Априлското издание на француското престижно модно списание „Вог“ го украсија мајката и ќерка Синди Крафорд и Каја Гербер. И додека Крафорд во текот на својата плодна кариера како супермодел се најде на насовните на сите релевантни модни списанија, за нејзината ќерка Каја која има 14 години, позирањето за насловната на францускиот Вог е прво вакво големо искуство во кариерата како модел.

 

Фотографиите на мајката и ќерката ги сними познатиот моден фотограф Марио Тестино, додека за стајлингот на Каја и Синди беше задолжена уредничката на францускиот Вог Емануел Алт. Освен тоа, Каја, заедно со братот Присли“, сними моден едиторијал кој се најде во американското издание на списанието Вог, а полека станува како нејзината мајка Синди, омилена манекенка меѓу дизајнерите.