Во рамките на холандскиот филмски фестивал „Високи достигнувања од ниската земја“, со почеток во 21.30 часот во дворното место пред дирекцијата на „Охридско Лето“ во Охрид, ќе бидат прикажани долгометражниот филм „Сина птица“и краткиот филм „Патување низ ноќта“.


„Сина птица“ е филм во режија на Мијке де Јонг. Универзална приказна за едно 13 годишно девојче (Мерел) со кого другите ученици во училиштето редовно си поигруваат. Мерел е мултиталент, но не им кажува ништо на своите родители, а тие пак несвесни што навистина се случува со нивното дете и ја оставаат да отиде во погрешна насока. Може да му се случи на секого. Еден од најдобрите филмови на повеќепати наградуваната Де Јонг. Филмот доби многу награди дома, но иста така беше номиниран како холандски претставник за Оксар во 2006 година и селектиран за престижните филмски фестивали во Торонто, Монтреал, и добитник е на Стаклена мечка на Берлинскиот филмски фестивал.


 „Патување низ ноќта“ е интересна приказна за човек кој патува со воз од Амстердам до Париз. Тој седи во купе со човек со кој започнува разговор и во меѓувреме сфаќа дека човекот е канибал кој има намера да го убие и изеде.
Човекот не е сигурен каде оди неговиот живот и почнува да паѓа под влијание на тврдењата на канибалот дека доколку е изеден од него, неговиот живот ќе има смисла и значење.

Проекцијата на филмовите е бесплатна.

Ohridnews