Лесно и без поголеми проблеми охридските ракометари пред своите гледачи ја забележаа првата победа во новата сезона од Супер лигата, совладувајќи го тимот на Преспа 29-22.

„Сините“ во текот на целиот натпревар доминираа и не му дозволија на противникот ниту да помисли на бодови од „Билјанини Извори“ и го запишаа четвртиот на табелата сезонава.

Со победата и пред се убедливата играта напад – одбрана „гладијаторите“ најавија дека оваа сезона ќе биде „весело“ на домашен терен.


Фото : Емилио
Мх.П.