Американскиот наследник Брајан МекКарти освоил 107 милиони долари на лотаријата Мега Милионс. Синот на претседателот на хотелскиот ланец Мериот, Роберт МекКарти, го купил добитниот тикет откако подигнал мала сума на пари од банкомат во Вирџинија. Бабата на наследникот, која била со него во моментот на освојувањето на новото богатство, му направила сендвич со сирење како би прославиле.
Брајан веќе почнал да ја троши премијата. Се одлучил за еднократна исплата од 68,4 милиони наместо исплата на целата добивка на 26 рати. Купил БМВ М3 и планира да оди на голф турнеја низ Ирска. На локалните добротворни организации им донирал 50 илјади долари. Неговиот татко годишно заработува 1,2 милиони долари.