Еден беспрекорен мал син дијамант бил продаден за 32,6 милиони долари во Њујорк, што е досега највисока цена во светот за дијамант со таа боја, соопштила аукциската куќа Сотби. Дијамантот од 9,75 карати, во форма на солза, за се наддавале седум понудувачи, поставил рекорд и по цена на еден карат од 3,3 милиони долари, и тоа во конкуренција на дијаманти од сите врсти.
Продаден е за многу повеќе отколку што очекувала аукциската куќа, која го проценила на 10 до 15 милиони долари. Синиот дијамант бил во приватна збирка на една богата американка која се занимава си филантропија. Вториот дијамант од нејзината колекција бил продаден за 2,96 милиони долари, а нејзината златна огрлица со дијаманти за 2,79 милиони долари. Таа вкупно после аукцијата добила 42,1 милион долари.