Британецот Џереми Хит со години симулирал срцев удар во рестораните како би избегнал плаќање на сметките. Според пишувањето на лондонските медиуми, човекот кој има 47 години својата мала претстава ја извел многу пати пред да биде фатен.
Имал обичај после обилниот ручек и неколку пијалоци да „доживее“ срцев удар на масата. Вработените во рестораните би повикале брза помош, која би го одвела во болница, каде лекарите би констатирале дека со него се е во ред. Хит бил разоткриен благодарение на снимките од сигурносните камери кои покажале дека во исти ден „претрпел“ два срцеви удари, без последици и без платени сметки во рестораните.