Симулациска показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода ќе се реализира утре во РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид.
Вежбата е во рамки на активностите за увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.
Симулациската вежба ќе започне во 10:30 часот.
OhridNews