Продолжува реализацијата на симулациски вежби во училиштата за примена на соодветниот оперативен план за заштита и спасување и планот за евакуација во случај на природна непогода.

Денес својата подготвеност за ефикасна и брза евакуација од училишната зграда според соодветно сценарио на случена елементарна непогода, ја увежбуваа учениците и вработените во ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.

На показната вежба учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, како и преставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

OhridNews