„Резултатите се шокантни“, изјави Алекс Роџерс, директор на Меѓународното здружение за следење на состојбата во океаните и додаде дека последиците од пореметувањето на климата и претераниот риболов се многу полоши од што се претпоставуваше.
Според извештајот, во океаните настанале истите услови кои постоеле во времето на масовно изумирање на видовите.
„Во сите океани постои опасност од масовно изумирање на морските видови“, се наведува во извештајот.
Претераниот риболов предизвика намалување на бројноста на видовите риба и до 90 отсто. Во последните 500 милиони години се случиле пет масовни изумирања во океаните при што исчезнале 50 отсто од видовите.
„Океанот е најголемиот екосистем на земјата што нашиот свет го одржува во услови во кои може да се живее“, велат експертите и апелираат за што побрза заштита на големите водени површини.
извор: „Макфакс“