Здружението за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК” од Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво во периодот од 12.10.2024 – 13.10.2024 година во Охрид ќе одржи симпозиум за ретките болести.
Цел на овој симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката како и иновативните третмани на овие болести, концизно сумирани низ низа предавања и постер презентации на врвни експерти, информираат организаторите.
Нудејќи практични совети и алгоритми, додаваат, овој симпозиум ќе им помогне на клиничарите во точно дијагностицирање на ретките болести преку запознавање со деталите при евалуација на таквите пациенти, велат од Здружението за ретки болести.
OhridNews