Денес во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе се одржи Симпозиумот на Друштвото за геотехника на Македонија. Според најавите, симпозиумот свечено ќе го отвори Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. На овој научен собир, кој го организира  Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ), ќе бидат  презентирани голем број научни трудови од областа на геотехниката.

ДГМ е формирано во 1999 година, а во 2001 година е примено во Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ИССМГЕ). Својот прв научен симпозиум друштвото го одржа во 2002 година.

OhridNews