Симпатизерите на Ракометниот клуб Вардар покренувајќи иницијатива за собирање на парични средства се впуштија во спас на македонскиот ракометен бренд. Клубот од „Јане Сандански“ ќе остане без главен спонзор, откако досегашниот, Сергеј Самсоненко, најави заминување после завршување на оваа сезона.
На жиро сметката од европскиот шампион 2017 година стигнала првата донација, која би требало една од многуте, бидејќи социјалните мрежи „горат“ од групи кои сакаат да го спасат клубот од губење на сјајот. Дел и од јавните личности се понудија да донираат, а првите чекори се направени со отварањето на сметката.
Непријатните вести од Самсоненко не ги дестабилизираа ракометарите, кои, им одржаа час по модерен ракомет на Пик Сегед во првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ. „Црвено црните“ во неверојатна атмосфера славеа со 31-23.
OhridNews