Симпатизерите на Малме, комплетно ја уништија статуата на Златан Ибрахимовиќ која беше поставена пред стадионот минатата година како благодарност од клубот до фудбалерот за придонесот во шведскиот фудбал. Статуата висока е 2,5 метри и тежи 500 килограми.

„Ибракадабра“, револтот кај навивачите го навлече после одлуката да инвестира во големиот ривал на Малме, Хамарби. Симпатизерите бесот го искалија на статуата која настрада неколку пати, а вчера конечно да биде уништена и падната на земја.

Ибрахимовиќ во ниту еден момент не се изјасна околу потезите на навивачите и неговата одлука да вложува во Хамарби. Во меѓувреме Ибрахимовиќ потпиша за Милан и кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

OhridNews

Статуата на Ибрахимовиќ во Малме вивна во пламен