Двајца симпатизери на Саутемптон завршија на распит во полиција, откако на трибините на дуелот со Кардиф го провоцираа гостинскиот клуб со летање на авион. Симпатизерите алудираа на срушениот авион во кој погина фудбалерот Емилијано Сала кој го засили клубот од Велс но никогаш не настапи поради несреќната смрт.

Саутемптон веднаш после натпреварот му се извина на Кардиф, а својата постапка симпатизерите ќе мораат да ја објаснат веројатно и пред законот.

  • Однесувањето на симпатизерите беше крајно непримерно. Ние како клубот нема да толерираме вакви испади. Симпатизерите ќе одговораат кривично, а ние ќе им забраниме влез на стадионот. – стои во соопштението од клубот.

Емилијано Сала заедно со пилотот исчезнаа на 21 јануари. Телото на фудбалерот пронајдено беше во  трупот од авионот кој беше на дното од каналот Ла Манш, додека телото на пилотот се` уште не е пронадејно.

OhridNews