Македонската кошаркарска репрезентација извојува голема победа во мечот против Белгија која широко ја отвара вратата кон пласман на ЕП 2015. Еве дел од изјавите на македонските репрезентативци пренесени од спортскиот портал  “спортмедиа.мк“.

„Мислам дека добивме еден од најтешките натпревари во групата зашто Белгија е еден од фаворитите за пласман на ЕП. Извојувавме важна победа пред домашната публика, одиме на победа и на наредниот меч, но нема да се залетаме затоа што нема веќе лесни натпревари и сите екипи играат кошарка. Најголем клуч за победата беше второто полувреме, каде дадовме сѐ од себе во одбраната и го свртевме резултатот во своја полза. Сега, за нас следат три гостувања, но нема да прогнозирам што ќе биде. Ќе одиме мирно, полека, од натпревар во натпревар. „Во акцијата беше договорено да се шутира, но не беше планирано јас да го направам тоа. Но, среќен сум што на крајот погодив и сѐ излезе како што треба. Кога ја погодив тројката чувството беше неописливо – чувствував голем адреналин, но и среќа затоа што донесов голема победа за Македонија“, рече Симоновски.

„Знаевме дека нема да биде лесно, свесни бевме за силината на противникот. Бевме некако закочени на почетокот, но во второто полувреме успеавме да го исполниме планот. Се надевам дека ова ќе биде голем импулс за понатаму, и на секоја средба да одиме на победа. На полувремето селекторот ни кажа да играме агресивно во нападот и внимателно во нападот. Го послушаме и победивме“, изјави Костоски.

„Навистина тешко дојдовме до победата, сега слободно можам да кажам дека очекувано тешко, бидејќи противникот беше силен, а нивниот тренер незгоден. Би сакал да играме како тие, но нашите тела не можат да го издржат тоа. Во првото полувремето се случи тоа од што се плашевме, да се стегнеме поради преголемиот адреналин. Одбраната до некаде и беше добра во тој период, но нашиот број на поени беше премал. Но, тоа не беше само наша ‘заслуга’, туку поради нивната добра одбрана. Беа подготвени максимално, добро нѐ читаа и тоа е тоа.

Но, во продолженито се прилагодивме, одигравме поцврсто во одбраната и тоа донесе резултат. Жал ми е што Војдан Стојановски не го даде влезот за да завршиме без продолжетоци, но и вака е слатко. Има добар дел на луѓе што сакаат да одиме на ЕП, но и такви кои не сакаат, на што сум им благодарен бидејќи дополнително нѐ мотивираат. Без нив би ни било потешко.

Оваа екипа на Белгија е многу подобра од нас, и затоа победата е поголема. Срцето и енергијата на играчите пресуди, а не некоја моја мудрост. Не сакам да утакмиците да им дадам епитет дека се на живот и смрт, а оваа не беше таква. Но, кошаркарите токму така влегоа во натпреварот. Во продолжението бевме пофокусирани во одбраната и тоа ни донесе успех“, изјави Џикиќ на прес-конференцијата по мечот.

ohridnews