Во врска со информацијата, добиена од Министерството за внатрешни работи, дека против раководителот на Секторот за туризам е поднесена кривична пријава, до редакцијата на OhridNews пристигна реакција од раководителот Гоце Симоноски.

Во неа стои дека се работи за монтиран политички процес, кој има за цел да го наруши угледот на Општина Охрид, угледот на Секторот за Локален економски развој и туризам и личниот  углед на Симоноски.

После утврдување на фактите ќе поднесам кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело за кое и самите подносителе знаат дека не постои, а за притисоците, репресиите кои се прават према мене и мојата фамилија и нарушувањето на човековите права ќе ги информирам надлежните структури во Европската Унија, вели Симоноски.