– Мечот со Карабах пред три година во Лигата на Европа беше прв „интернационален“ настап за мене во дресот на Металург. Тогаш претрпевме пораз 4-1, а јас во игра влегов во последниот квартал од натпреварот и успеав да го постигнам почесниот погодок. Се надевам дека овој пат нема да бидам стрелец на почесниот, него на победничкиот погодок, кој ќе ни ги отвори вратите за пласман во следната рунда – рече Симоноски.
„Шефот“ на Металург, Срѓан Захариевски смета дека Карабах е еден од најтешкиот противник, кој можеше да им се падне во првото квалификациско коло.
– Карабах беше една од најдобрите екипи кои ни беа потенцијални противници во првото коло од Лигата на Европа. Азербеџанскиот фудбал е во нагорна линија, нивниот квалитет од година во година се зголемува. Екипата на Карабах е составена од репрезентативци од неколку земји, а најмногу преовладуваат од селекцијата на Азербеџан. Во втората полусезона од македонскиот шампионат одигравме доста добро. На подготовките во Охрид ја бараме таа форма која се надевам дека ќе ни донесе успех во фудбалска Европа – посочи Захариевски.
Од составот на Металург, кој во сезоната 2010/11 беше елиминиран од Карабах „живи“ се само капитенот Миле Крстев, Васко Митрев и Марко Симоновски.