Новиот шампион во Серија А, Интер експрено ги реши дилемите околу тренерската позиција, назначувајќи го Симоне Инзаги за нов тренер на екипата.
Инзаги спогодбено го раскина договорот со Лацио и се договори со Интер. „Нероазурите“ и Инзаги ќе потпишат двегодишна соработка, која деновиве ќе биде официјализирана.
Антонио Конте кој замина од Интер во следниов период ќе ја обелодени одлуката за понатамошната кариера.
OhridNews