Составот на Лацио го зграпчи првиот трофеј во италијанскиот фудбал победувајќи го тимот на Јувентус со 3-1 во Супер купот на Италија кој се одигра во Саудиска Арабија. „Лацијалите“, до петтиот трофеј во клупската историја стигнаа со триумфот над актуелниот шампион во Серија А и големиот фаворит, Јувентус. Лацио во целост го заслужи трофејот откако одигра перфектен натпревар. Екипата на Лацио е ретка која може да се пофали со две победи во краток временски период над Јувентус. Римјаните пред своите гледачи со идентичен резултат (3-1) славеа во дерби средбата од Серија А.
Направивме нешто фантастично. Го победивме Јувентус два пати во две недели, ова е неверојатно. Победата и трофејот целосно го заслуживме и момците треба и мора да се радуваат. Воопшто не се оптоваруваме со врвот во Серија А. Мораме да работиме за да имаме можност да се радуваме на повеќе вакви работи. Сакаме да продолжиме понатаму. – изјави тренерот на Лацио, Симоне Инзаги.
Лацио заостанува шест бодови од водечките Интер и Јувентус на табелата, но има и натпревар помалку. „Лацијалите“, натпреварите ќе ги продолжат следната година.
OhridNews