Таа е редовно во центар на вниманието. Средена, елегантна, спремна со документација. Шармантна претстава. На моменти сериозна, некогаш и опуштена. Достапна за секого. Досега никогаш не ја имам фатено несигурна негативна, на лага, на финти, на скандали, на фасади. Изгледа како да нема непријатели. Никој неможе “абе онаа со портокаловоно” на телевизија да ја промаши. Тој што не знае која е…. живее во тунел. Ако ја гледам по медиумиве тогаш си посакувам и македонските политичари да се како неа. Цела држава ќе добие импулс. Таа досега ќе средеше огромна, солидна паркинг мрежа под Охрид. Таа ќе ги затвореше оние не-дај-боже-да-се-десит-нешто-дупки на езерскион пат кај Лагадин и Елешец. Таа модерните, коректни теми како “добра животна средина” ќе ги почитуваше многу и ќе ги спроведеше во акција а не само во зборови. Ама штета. Треба да ги трпиме сегашните политичари што живеат во свој свет.
Што е работата со неа? Кој маркетинг тим стои позади госпоѓава, која добра-вести-стратегија се води? Дали е се до коска режирано, до детали на лаптоп измислено пред да излезе во јавност? Дали е се театар? Дали е брифирана со факти од советници? А можеби навистина се е оргинално, природно околу неа? Не и го познавам вистинскиот карактер. Дали е остра, строга, груба, страсна, опасна? Или подалеку-од-неа на состаници во затворени соби каде што се решаваат важни работи на високо ниво? Ако нема простор за пријатно пролетно првомајско чуство, каква е тогаш? Во такви темни моменти?
Како социјална либерална политичарка се бори во Македонија за правата од малцинствата, за анти-дискриминација, за рамноправност, за правата од хомосексуалците и лезбејките. Мали вести ги правит големи. Големи, комплицирани теми ги правит сфатливи. Некогаш и намерно ги треси темелите од некои македонски работи. Стануваат не-популарни теми на агенда. И тоа е дел од тоа што го работи. Таа поддршува различни невладини организации, локални, школски, градски, здравствени, културни, спортски, еколошки проекти во цела Македонија. Пред пола година је слушав на Холандско национално радио. Таа сакаше да направи соработка помеѓу една Холандска сериозна дебатна емисија (Рондом 10) и А1 телевизија. Целта и беше: да се разговара во живо, во големо студио и во македонски емиси за се, со секого. И обавезно за табу теми. Да гледаме на телевизија огледало на дрзавата. А не како сега. Само истите наместени гости со врски што зборуваат и ни кажуваат каков е животот во Македонија. Каде е народот, каде се стручњаците што се секојдневно со нозете во реалните проблеми? Од прилика ова го заклучив после интервјуто на радио. Таа стапи во контакт со холандски новинари за да им држат краток семинар на македонски колеги. Размена на Балканска/Западно Европа медиапракса. Пред два месеци случав на истото радио интервју со уредничката и водителот што го посетија неколку дена Скопје за овој проект. Се согласував со нивните критики. Според нив некои емиси во Македонија (само мал дел) се останати во 50-тите години! Премногу класично. На пример: долги ритуални однесувања и одговори од официјални функционери. Истото и досадно до коска. За да заспиеш пред екранот.
Таа се труди и во туризмот. Во Охрид неодамна се славеше денот на Холандската кралица…..Долго очекуваните и доста спомнувани Холандски ретро-туристи конечно стигнаа во вечната Македонија. Беа пречекани на аеродромот во Скопје како ептен почитувани ВИП гости. И таа се разбита им се придружи. Тие туристи се најгалените турсти во светот. Да се надеваме овие Холанѓани ќе потрошат доволно пари во Македонија. А не само скромно 500 денари на ден за една вода, сокче, сендвичи, колачиња и овошје за во нивните сигурни патнички ранци. И да не се ценкаат за 5 евра за приватен смештај, за 100 денари со таксисти, или за 15 денари за кило банани. Ајде Холанѓани “удри бригу на веселје“. Еднаш се живее!
И јас имам комуницирано со неа. Од моја страна со еден предлог и сериозен аргументиран план за евентуална заедничка соработка. Бев пријатно изненаден од одговорот. Иако не се знаев до тогаш со неа таа не ме одби, ми отвори врата за разговор и размена на мислења. Значи таа стварно е како што изгледа и како што функционира во Македонија. Холандија, како еден од нај големите донатори во Македонија, преку неа им дава надеж и помош на лјуѓето. Македонија и специјално Охрид треба да се крстат со ваков дипломатски претставник. Секој ден по три пати. Зато Симона Филипиноска за претседателка на Македонија. Да, се работи за Симоне Филиппини, Холандската амбасадорка во Македонија. Таа треба да добие Македонско државјанство, да си го промени името во Симона Филипиноска и да се кандитира на следните избори за претседателка на Македонија или за градоначалник во Охрид. Таа е лекот за Македонија. Ден без Филлипиноска акција во Охрид е пропаднат ден. Од моја страна 25.000 евра годишно за порези/даноци одат во буџетот на Холандската влада. Значи можеби индиректно 0,001% од тие пари одат во активностите на амбасадорката Филипини на пример во Охрид. Супер. Ако треба ќе плакам и 100.000 евра данок. Се за Македонија. На здравје.
Поздрав,
Влатко од Амстердам