Во рамки на  турнејата низ Македонија пијанистот Симон Трпчески на 7ми ноември ќе одржи концерт во Охрид, соопшти организаторот „Култур-Оп“.

Трпчески претходно одржа концерти во Гевгелија, Струмица, Прилеп, Штип, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола и во Струга, а поради  извонредниот прием од домашната публика реши да го продолжи хуманитарниот проект, во чии рамки ќе гостува и во Охрид.

На концертите Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори.  завршувањето на настапите рпчески  за публиката ќе ги потпишува своите компакт-дискови – изданија на „ЕМИ Класикс“.
 
Пијано-виртуозот минатиот месец со голем успех настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, под диригентската палка на Василиј Петренко. Деновиве тој беше награден со овации од публикатакоја го проследи неговиот настап во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот оркестар на овој град го изведе Пијано-концертот од Равел.

Ohridnews