Годинешниот носител на титулата национален уметник за 2011 е македонскиот пијанист Симон Трпчески. 

Симон Трпчески е еден од најрепрезентативните музички уметници во Република Македонија. Со многубројните концерти одржани на релевантни светски афирмирани манифестации и фестивали, како и со освоените престижни меѓународни награди, има дадено врвен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста во нашата земја и за нејзина афирмација во светот.

На Трпчески Титулата национален уметник ќе му биде доделена од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 8 Септември – Денот на независноста на државата.

OhridNews