Општинскиот инспекторат  ја отстрани таблата за забрана за пиење вода од Билјанините извори во Охрид, откако последните анализи  на Републичкиот завод за здравствена заштита-РЗЗЗ,  покажале дека водата од изворите одговара на правилникот за вода за пиење.

Таблата со предупредувањето беше поставена пред десетина дена откако РЗЗЗ соопшти дека водата од Билјанини извори не е добра за пиење бидејќи микробиолошките анализи покажале присуство на патогени бактерии во водата од овој извор.

Со ваквата констатација не се согласува Хидробиолошкиот институт во Охрид кој смета дека водата од Билјанини извори е исправна. Од оваа институција сметтаат дека одлуката за поставување табла за забрана за пиење вода од Билјанините извори била избрзана.


таблата симната бидејќи водата од  Билјанини извори сега била добра

Поставувањето на таблата Локалната самоуправа го смета за уште еден обид да се минира туристичката сезона во Охрид иако таблата ја постави општинскиот инспекторат. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески рече дека општината морала да ја постави предупредувачката табла бидејќи тоа го налагале резултатите од РЗЗЗ иако како што рече постоеле сомневања во добиените резултати од испитувањата на квалитетот на водата од Билјанини извори.


„Четворката“ која ја симна таблата

Билјанините извори се симбол на Охрид но последниот случај со поставувањето на таблата за забрана за пиење на водата, па нејзино симнување само по неколку дена, како и запоставувањето на просторот кај изворите во најмала рака ја деградираат оваа атракција, а контрадикторните резултати на научните институции околу квалитетот на водата од овој извор само по себе зборува за односот на институциите кон она што некогаш беше градска, но и македонска гордост.

Г. Момироски