Дисциплинската комисија на ФФМ ја укина суспензијата против ФК Охрид. По разгледувањето на целокупниот матерјал комисијата утврди дека Ф.К.”Охрид2004″- Охрид достави доказ за уплатени парични средства спрема службените лица за натпреварите со Ф.К.Напредок Кичево и доплата за Куп натпреварот со Ф.к.Хоризонт Турново.
Дадено е зелено светло од комисијата па така денес на Билјанини ќе се игра натпреварот од 8 коло. “Рибарите“ на домашен терен го пречекуват Новаци.
Билансот на Охрид во одмерувањата со Новаци е една победа и еден пораз. Охрид на Билјанини победи минимално со 1-0, додека на гостувањето беше поразен со 4-3. Победата остварена на 13 Ноември минатата година е последната која ФК Охрид ја оствари на Билјанини Извори.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com