Со постигнати 18 поени и реализација од поле 3/3 за два, 3/5 за три, 3/3 од линијата за слободни фрлања како и трите блокади Тони Симиќ беше клучната фигура во гостинскиот тим кој да однесе победата од Охрид.


Одигравме добар и интересен натпревар, погодив во одлучувачките моменти но ова беше победа на екипата. За нас беше битно да го добиеме овај натпревар и да се израмнуваме со Амак во меѓусебните дуели. Со оваа победа се извадивме за поразот во Скопје- ни изјави Симиќ најкорисниот играч за минатото 16 коло.

М.П.