Аргентинецот Диего Пабло Симеоне, некогашен фудбалер на римски Лацио, Интер , Ателетико Мадрид и капитен на аргентинската репрезенација се споменува како нов кормилар на небесно сините .

Не е прв пат италијанските медиуми да му најдат замена на Делио Роси, шефот на најдобриот македонски играч Горан Пандев.

Симеоне ќе оди во Италија да ги бодри „Орлите“, што беше доволно да биде поврзан со клупата на римскиот калчолигаш, особено сега кога клубот се наоѓа во негативна серија од три порази.

Диего Симеоне по завршувањето на фудбалската кариера беше кормилар на Индепендиенте, со кој стигна до трофеј во Аргентина, но имаше голем неуспех со еден од гигантите, Ривер Плата.

ohridnews