Диего Симеоне ќе го предводи својот тим Атлетико Мадрид од клупата на реваншот против Јувентус во Торино, откако дисциплинската комисија на УЕФА само парично го казни Аргентинецот за покажувањето на гениталииите во првиот меч кој се одигра во Мадрид.
Харизматичниот стручњак после погодокот на Хименез за водство 1-0 се сврте кон публиката и ги покажа гениталиите. Објаснувањето на Симеоне беше дека тој покажувал колкава храброст имаат фудбалерите и покрај поништените голови и промашени шанси претходно.
CHOLO SIMEONE ?❤️ pic.twitter.com/LvN18o04ag
— Atlético De Madrid ?? (@AtletiFrancia) February 20, 2019
УЕФА му изрече финансиска казна од 20 000 евра. Атлетико Мадрид во првиот меч славеше со 2-0.
OhridNews