Шпанскиот состав Атлетико Мадрид го фрли на колена големиот фаворит за титулата во Лигата на Шампиони, Јувентус совладувајќи го (2-0) во првиот меч од 1/8 финалето. „Јорганџиите“ одиграа маестрален натпревар по нотите на стратегот Диего Симеоне, кој при прославата на водечкиот погодок на Хименез се фати за гениталиите и се сврте кон публиката.

  • Го направив на дуелот помеѓу Лацио – Болоња додека бев играч, а го направив и сега им покажам на нашите навивачи дека имаме мадиња. Прославата не беше намената за противникот, туку за нашите навивачи. Признавам, гестот не е добар, но од срце е, бидејќи чуствував дека треба да го направам. Натреварот беше многу тежок и се боревме до крај. – изјави аргентинскиот стручњак Симеоне.

Во ерата на Симеоне, Атлетико Мадрид секогаш поминувал во следната фаза кога имал предност од два погодоци во првиот натпревар. Јувентус во Торино ќе има ултра тешка задача со оглед на квалитети кои ги има шпанскиот тим кога има резултатот кој му одговара. Ренвашот се игра на 12 март.

OhridNews

ЛШ: Со гениталиите в раце Симеоне ја прослави победата над Јувентус! (видео)