Шестгодишниот Симеон Јовановски триумфираше на Дуатлон првенството на Македонија кое се одржа на кејот од реката Вардар во Скопје.
Двете делници сочинети од возење велосипед и трчање во категоријата до 8 години Јовановски ги помина со време од 15 минути и 34 секунди. Второпласиран заврши Гордан Божиновиќ со време (17 мин и 33 сек) односно Алес Ивањеш (19 мин и 16 сек).
Неговиот тренер и родител Миле Јовановски задоволен е од настапот на Симеон, а хендикеп е тоа што во Охрид нема триатлон клуб кој би ги олеснал подготовките.
OhridNews