Женската ракометна репрезентација немаше најмногу среќа во ждрепката за бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Шпанија, добивајќи ја за ривал селекцијата на Романија. Сепак, во „црвено жолтиот“ табор владеа добар оптимизам за добра претстава во двата мечеви, кои ќе се одиграа во втората половина од април месец.

Се работи за квалитетна селекција, но како и секој состав има добри и лоши страни. Наше е да направиме добра анализа и да се обидеме да ги најдеме тие слаби страни и да почнеме да атакуваме кон нив. Наше е и да ја подобриме играта во напад и да направиме сè што можеме во овој период за да се подготвиме најдобро што може, – изјави селекторот Симе Симовски.

Селекторот најави ново освежување на селекцијата која триумфираше на квалификацскиот турнир во Скопје и обезбеди пласман во баражот.

OhridNews