Последниот од низата ликови кои се појавија на полињата со жито во Велика Британија, можеби не предупредува дека е време за крај на светот, велат стручњаците за необјасниви феномени. Феникс кој се крева од пепел долг околу 120 метри се појавил на едно поле во Британија.
Фениксот е митолошко суштество кое симболизира повторно раѓање и нова ера во многу култури во целиот свет. Сручњаците велат дека фениксот може да претставува повторно раѓање на човечката раса или земјата после некој значаен настан. Пред фениксот во Британските жита се појавија медуза и лик околу кој стручњаците најмногу размислуваа и заклучија дека ги претставува првите десет цифри од бројот Пи.