Албанската фудбалска федерација постигна договор со бразилскиот стручњак Силвињо да ја води А- репрезентацијата. Четириесет и осумгодишниот Бразилец е без ангажман од февруари 2022 година.

Силвињо ќе го замени Италијанецот Едоардо Реј на селекторското место на албанската репрезентација.

Негови помошници ќе бидат Аргентинецот Пабло Забалета и Бразилецот Дорива.

Договорот со Силвињо е со важност до крајот на Евро 2024 година.

Претходно, Бразилецот работеше со Коринтијанс и Лион, како и помошник селектор во бразилската репрезентација.

OhridNews