Познатиот холивудски акционен херој Силвестер Сталоне отишол на летување заедно со сопругата и своите деца. Тие допатувале на Азурниот брег, а се сместиле на интимна плажа на која нема многу љубопитни туристи.
До таа плажа се стигнува исклучиво со глисер или друг пловен објект, а услугата и сместувањето се на ниво кое ги задоволува холивудските барања. После семејниот одмор, актерот би требало да се посвети на снимањето на новиот филм “Creed”, односно на својот култен лик Роки Балбоа.